ИЈЗ: Регистрира 239 оздравени пациенти, најмногу од Скопје

Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19, а почина едно лице.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8,  Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217,  бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега