Игор Дурловски ослободен од обвинение за настаните на 27. април

Оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвиненијата за случувањата од 27 април.  Судијката Добрила Кацарска образложи дека трошоците за судењето на Дурловски паѓаат на товар на буџетот на Северна Македонија.

Денеска Кривичниот суд донесе одлука со која тој се ослободува од кривичното дело тероризам кое им се ставаше на терет.

Ова се пресудите:

Митко Чавков казна затвор 18 години.

Митко Пешов казна затвор од 15 години.

Душко Лазаров казна затвор од 15 години.

Горан Ѓошевски Леви казна затвор од 15 години.

Оливер Поповски казна затвор од 13 години.

Оливер Радулов казна затвор 10 години.

Мунир Пепиќ казна затвор од 15 години.

Абдулфета Алими казна затвор од 7 години.

Младен Додевски казна затвор 12 години.

Јане Ченто, казна затвор од 15 години.

Горанче Ангеловски казна затвор од 12 години.

Игор Југ казна затвор од 12 години.

Александар Василевски Нинџа 8 години

Игор Дурловски ослободен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега