Идентификуван и уапсен манијакот кој вознемируваше жени во Кисела Вода

Манијакот кој сексуално вознемирувал жителки на Кисела Вода е приведен во полиција, објави Сител. По пријава на една од станарките на зградата каде се соблекувало ова момче и по сторијата на Сител, полицијата го пронашла лицето. Се работи за момче од Скопје на дваесетина години. Станарите приложиле и снимки од безбедносната камера во влезот.

Тој секогаш го одбирал вториот кат во лифтот без разлика каде оделе станарките. Иако бил предупреден дека е пријавен и има видео надзор тој продолжувал.

На влезната врата поставени се фотографии и предупредување. Куќниот совет на овој начин сакал да ги заштити станарите но и да ја алармира полицијата на брзо делување. На скопјанецот му се заканува парична или казна затвор од една година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега