Иако извесен победик, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе оди во вториот круг.
-Имаме огромно водство. Орце има неколку пати повеќе од својот противкандидат во Скопје. И таму извесен победник е Орце, во вториот круг, рече Мицкоски.
Податоците на Државната изборна комисија покажуваат дека Ѓорѓиевски е убедливо прв со 66.775 гласа, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ е втор 21.677, а кандидатката на СДСМ, Каја Шукова е трета со 18.715 гласа.