И во сообраќајниот хаос вчера во Скопје МВР напиша голем број казни

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции и 12 мерки за возење без возачка дозвола.

Дваесет и три прекршоци направиле пешаците, а 11 санкции им се изречени на возачи за недавање првенство на минување на пешаци и 31 мерка за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и во наредните денови, а до граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот

Останува нејасно дали казните беа напишани во екот на сообраќајниот хаос кој го предизвикап олицијата откако ги исклучи речи си сите семафори во центарот на Скопје и тоа во екот на сообраќајниот шпиц па граѓаните мораа да возат во гужви повеќе од 2 часа за да можат од работното место да стигнат до својот дом.

За ова МВР ја обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која според секоторот за односи со јавност на полицијата била задолжена да го регулира сообраќајот.

08.12.2021 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега