И преседна одморот: Девојка од Австралија за скршен нокт во болница на Хаваите платила 2200 евра

Австралијанка Рахел Минавеј, откако се вратила од летување на Хаваите во својот дом во Сиднеј ја преплавиле купишта сметки од болница на Хаваите во кои се велело дека треба да плати 2200 евра за скршен нокт.

Додека била на летување таа го притинала прстот со вратата од касетата на автомобилот која се наоѓа на сувозачкото седиште, по што и напикнал ноктот на два дела.

Откако поминало малку време прстот почнал да ја боли и да трне па решила да појде до најблиската болница каде и предложиле да го отстранат ноктот на што таа се согласила.

Целата операција траела околу половина час, а когаотишла на шалтер да плати и побарале 1500 евра.

Бидејќи не носела толку пари со неа, болничкото обезбедување не сакало даја пушти да си замине.

Откако се вратила во Сиднеј, болницата ја преплавило со сметки и барања да плати 2200 евра.

На крајот од осигурителната компанија и кажале дека мора да ја плати бидејќи американските болници се често агресивни кога се работи за наплата на сметки, поради високите трошоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега