И покрај вакцините и мерките коронавирусот не попушта: Во Србија 3.572 нови случаи на коронавирус- 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.572 нови случаи на коронавирус, додека 35 лица починаа. Направени се 16.116 тестови.

Во последниве денови, во Србија се забележува пад на бројот на нови случаи, вчера беа отворени трговските центри, а наскоро учениците ќе се вратат во училиштата.

Во текот на неделата, кризниот штаб треба да донесе одлука за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти.

Сепак, многу забрани остануваат на сила, како што е забраната за собирање на повеќе од пет лица.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега