И по две примени вакцини почина тетовец од коронавирусот

Пациентот на 62-годишна возраст кој вчера почина во Тетово како последица од компликации од коронавирусот, имал примено две дози од вакцината на Синофарм, потврдуваат официјално од Општата болница Тетово за „Слободен печат“.

– Да, пациентот имал примено две дози вакцина. Вакциниран бил со Синофарм. Првата доза ја примил на 17 мај, а втората доза на седми јуни. Пациентот беше хоспитализиран во тетовската болница и имаше коморбидитети меѓу кои хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија. Дојде во болница со покачена телесна температура и рутински го тестиравме на ковид и беше позитивен, изјави за „Слободен печат“ доктор Гзим Нуредини од Општата болница во Тетово.

 

Во една друга изјава за „Слободен печат“ д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија, за вакцината на „Синофарм“, потребни девет недели од првата доза додека да се создаде целосниот имунитет.

 

27.07.2021 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега