И Морачанин најави напуштање на пратеничката група на СДСМ

Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин во гостување на ТВ21 рече дека и тие планираат да излезат од пратеничката група на СДСМ.

-Ние исто така сме со идеја самостојно да делуваме. Затоа што имате поголема видливост, може да побарате, поефикасно да си ги промовирате своите вредности. Но, едно со друго не е споиво, рече Морачанин.

Вели дека може да се формира нова пратничка група со малите партии.

Морачанин рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не разговарал со нив, по најавите дека разговарал со помалите партии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега