И камен би заплакал: Ослободен после 27 години затвор, за убиство кое не го извршил (видео)

Џон Бан, 41- Афроамериканец е ослободен после 27 години затвор за убиство на полицаец кое му е наместено од корумпиран полициски детектив.

Во моментот додека сдијата му ја читаше ослободителната пресуда, Бан заплакал, ја фатил судијката за раце и ја наведнал главата и и се заблагодарил, додека цела судница му аплаудирала.

-Сакам да ви кажам фала, чесен суде, зошто се борев за мојот живот цели 27 години- рекол тој.

Потоа се завртел кон обвинителите и им рекол:

- Сакам да заете и вие дека цело време држевте во затвор невин човек- рекол тој.

Тој е уапсен во 1991 година под обвинение дека под закана со пиштол со уште еден другар се заканил на двајца полицајци додека биле во автомобил а потоа и убил еден од нив.

Ова не е прв таков случај во Сад, претходно беа ослободени уште двајца обвинети кои поминале 20 години затвор за дело кое не го извршиле.

Погледнете го овој емотивен момент:

 

 

 

 

17.05.2018 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа