„И јас ќе извршам масакр“ - детали од киднапирањето на училишниот автобус во Италија, момче ги спасило другарите

Едно од момчињата заробени во училишниот автобус во близина на Милано, 13-годишниот Реми Шехата, успеало да го сокрие својот мобилен телефон и да повика полиција и така да спаси 51 дете, од киднаперот на нивниот автобус.

Реми преку телефонот го контактирал татко му додека се преправал дека се моли на арапски. Таткото на Реми раскажал дека неговото семејство дошло од Египет и дека момчето е родено во 2005 година во Италија,

Тој рекол дека неговиот син ја исполнил својата должност и дека мисли дека сега треба да добие италијанско државјанство. 

За време на киднапирањето, возачот им рекол на децата дека се одлучил за овој потег, поради страдањата на африканските мигранти за време на преминувањето на морето. Според зборовите на шефот на противтерористичката група Алберт Наболиј киднаперот засега не изразил поврзаност со било каква забрането движење или група. Тој нагласил дека киднапирањето е негова лична одлука.

„Не можев повеќе да гледам деца растргнати од ајкули и  мртви трудници“ - рекол осомничениот.

Портпаролот на полицијата наведува дека киднаперот гласно извикал „Да ја запреме смртта на море,  и јас ќе извршам масакр“.

Владата на Италија заземала цврст став против мигрантите од северна Африка и ги намалила спасувачките операции, потег за кој хуманитарните групи рекле дека загрозува животи.

Возљачот инаку поминал една година во затвор поради сексуален напад, па јавноста се запрашува како осудувано лице е вработено како возач на училишен автобус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега