И Јапонија под снежна покривка:Осум лица загинаа, а ваков студ не се памети во последните 35 години (ВИДЕО)

 Осум лица загинаа во Јапонија во снежна бура што ја зафати речиси целата земја, додека стотици беа повредени.

Особено погодени беа делови од префектурите Нига, Ишикава, Фукуи и Тојама.

Обилните врнежи од снег во овој момент не се невообичаени, особено на планините, но приливот на студен воздух значи и дека паѓа снег во крајбрежните области.

Повеќе од еден метар снег падна, а делови од северниот и централниот дел од земјата се толку завеани што се насобрало повеќе од два или три пати повеќе од просекот.

Јапонската државна телевизија ХНК објави дека снегот во градот Тојама е повеќе од еден метар и дека тоа количество снежни врнежи не е забележано во претходните 35 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега