И Бојко Борисов е за ковид пасош за слободно патувањe

За оние кои се вакцинирани во Европа, да се направат електронски пасош или зелен електронски коридор за оние кои прележале и со антитела или документ дека биле вакцинирани, да не им се наложува да прават ПЦР, да се ставаат во карантин и да не им се попречува патувањето, иајви бугарскиот премиерот Бојко Борисов за дописникот на МИА од Софија.

Борисов, вечерва ќе учествува на видео конференција на членовите на Европскиот совет, на која ќе се дискутира за ова прашање.

– Се согласивме со австрискиот премиер Себастијан Курц и со другите колеги, со нашите грчки пријатели, како ќе го наречеме – електронски, зелен пасош, но да им олесниме на сите што биле вакцинирани и болни да живеат нормален живот, рече Борисов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега