И АстраЗенека има застој во производството - компанијата намали помали испораки на вакцини од предвиденото

Компанијата АстраЗенека денеска соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите од ЕУ, која е развиена со Оксфордскиот универзитет, ќе бидат помали од предвиденото поради застој во производството.

 

– Почетните количества ќе бидат помали отколку што беше првично предвидено поради намалените приноси на местото на производство во рамки на нашиот европски синџир на снабдување, порача портпарол на британската компанија во писмено соопштение, одбивајќи да даде повеќе детали.

Тој додаде дека компанијата ќе им достави на државите од ЕУ десетина милиони дози во февруари и март, кога ќе продолжи да го зголемува обемот на производството.

Вакцината на АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет би требало да добие дозвола за употреба во ЕУ до крајот на овој месец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега