Хусеини: Царинската управа има овластување на граничен премин да врши надзор и да ги контролира лиценците

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини во емисијата 24 анализа изјави дека се прават многу контроли, иако имаат 13 инспектори и месечно секој инспектор прави по 20 надзори.

„Извршена е контрола на еден или два автобуси што имале изводи од лиценца, зошто фирмата „Беса транс“ имала лиценца и за секој автобус има извод од лиценца, а овој автобус не е затекнат кога правевме контрола. Најмногу контрола направивме за протоколите за Ковид-19, зошто тоа ни беше задолжение. Ние вршиме контрола за изводот за лиценца, за сертификат за меѓународен превоз, безбедноста на автобусот, техничките карактеристики. Во тој записник се нотира прекршокот. Државниот инспекторат за транспорт нема постојан престој на граничен премин, туку оди по месечен план. Според законот за превоз, царинската управа има овластување на граничен премин да врши надзор и да ги контролира лиценците. Ако таа открила тој ден дека автобусот нема лиценца, виновна е за овој случај“, рече тој. 

За агенцијата кажа дека не знаеле колку вкупно автобуси има. 

24.11.2021 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега