Хусеин: Да прашате дали „Дурмо Турс“ сам си врши технички е како да прашате дали Камчев се лечи во Систина

Ние немаме никаква контрола врз превозните средства, во смисла дали тие се исправни или неисправни за вршење јавен транспсорт. Ние само вршиме контрола дали автобусите имаат лиценца и дозвола за работа и тука завршува нашата надлежност. Ова за Република го изјави Руфат Хусеин, директор на Државниот инспекторат за транспорт, а во врска со техничката состојба на автобусот на „Дурмо турс“.

- Ние не можеме да им наредиме на превозниците каде да ги вршат техничките прегледи на автобусите. Тоа не е наша ингеренција и надлежност, ниту пак можам да и кажам каде „Дурмо Турс“ врши технички преглед на своите автобуси. Тоа е како да ме прашувате дали Орце Камчев се лекува во Систина, вели Хусеин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега