Хурем Султан блеска во осмиот месец од бременоста

Мирјем Узерли, турската актерка која кај нас се прослави по улогата на султанката Хурем е во осмиот месец на бременоста и во февруари ќе стане мајка. Како што таа изјави , таа ја очекува најважната личност во нејзиниот живот- нејзиното дете кое ќе го одгледува сама.

Таткото на детето турскиот бизнисмен Кан Атеѓ не сака ни да чуе ни за неа ни за детето, но на нероденото девојче се радува и таа и нејзините родители.

Најважно е тоа што Хурем , се смири и сопродуцентот на серијата кој поради нејзиното напуштање беше лут, што дури и се закануваше со тужба за кршење на договорот., со кој таа би можела да има и забрана за работа во Турција.

 

Сепак страстите се смириле,а Мирјем јавно се извинила. Покрај тоа продуцентот Тимур Савци изјавил дека од септември оваа година ќе започне да се снима нова историска серија во која главна улога ќе има Мирјем Узерли.

15.01.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега