Хуманите граѓани трчаа за дечињата со Даунов синдром

Над 600 хумани граѓани и тимови од компании денеска заедно со дечињата со Даунов синдром и нивните семејства се приклучија кон хуманитарна трка „Run for Down“ што ја организираше Мечувалечкиот клуб „Ескрим“.

Трката се одржува четврта година по ред, а собраните средства ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром.

 

Претседателката на Мечувалечкиот клуб „Ескрим“ Билјана Николовска-Кумановска изрази задоволство од годинашниот одѕив на учесниците.

– Оваа година, неочекувано имаме одличен одѕив на нашите хумани граѓани и на многу општествено одговорни компании кои дојдоа во голем број да дадат поддршка на настанот, изјави Николовска-Кумановска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега