Хуманитарци со наши пари: МЕПСО донирале 10.000 евра во Тетово а за две години имаат загуба од 5 милиони евра

Државната фирма МЕПСО решила да донира 10.000 евра од нашите пари на тетовската болница. Информацијата утрово ја објави компанијата која за себе тврди дека е општествено одговорна. АД МЕПСО е општествено одговорна компанија која и во време на енергетска криза наоѓа начин да им помага на тие на кои тоа им е најпотребно.

Ваквата пракса компанијата ќе ја продолжи и во иднина односно сите заштеди во потрошувачка на електрична енергија што ќе ги направи во месеците што следат, ќе бидат искористени за хуманитарни цели, се вели во соопштението на компанијата.

Чудно е што оваа компанија по се уште непознати критериуми донира пари во хуманитарни цели и тоа во време кога само за последните 2 години има загуба која изнесува околу 5 милиони евра.

Кога треба да се делат нашите пари, директорот на оваа компанија одлучува сам на кого ќе ги донира, додека долговите му ги плаќаме сите заедно.

24.11.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега