Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата тима, додека хулиганите на Анже и Марсеј се пресметале по завршувањето на натпреварот.

Автобусот, во кој биле навивачите на Бордо, бил нападнат на автопатот кон Монпелје од домашните хулигани. Тепачката, според француските медиуми, била жестока, повредени се 16 хулигани. Натпреварот Монпелје-Бород заврши 3:3.

Во Анже, навивачи провокации имало во текот на целиот натпревар. Домашните навивачи, фрлале со петарди кон гостинските фанови, а тие им возвратиле со иста мерка. Потоа пресметката завршила на теренот.

На стадионот во Анже немало доволно обезбедување а да биде спречен хаосот на теренот.

Макфакс

23.09.2021 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега