Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје.

Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, информираше на социјалните мрежи министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Посетата претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка, додава Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.

Exit mobile version