Хрватски пратеник се стави со самоизолација - бил на собир со заразена личност

Хрватскиот пратеник на СДП, Јошко Клисовиќ се наоѓа во самоизолација поради епидемијата на коронавирусот.

-Од епидемилошките служби добив упатсво за самоизолација во следните 14 дена. Немам симптоми и не морам во карантин. Се јавив во епидемиолошката служба зашто бев на собир на кој присуствуваше и личност на која и е потврден коронавирусот. Стануваше збор за предавање на еден факултет и бевме во иста просторија, рече Клисовиќ.

Вели дека не направил никакви анализи.

-Немаше анализи, па ни резултати. Ќе направам доколку се развијат симптоми. Засега сум супер, вели тој.

Досега во Хрватска потврдени се пет случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега