Хрватски научник предупредува: Подобро коронавирус да добиете на лето отколку на зима, во октомври се враќа потежок облик

Гордан Лауц, хрватски научник и член на владиниот научен совет за коронавирус, тврди дека постојат два вида вируси - летни и зимски.

Хрватска има нов црн рекорд со 255 новозаразени со коронавирус, а Лауц вели дека смета дека и тоа не е лошо.

„На лето вирусот е многу поблаг и многу луѓе имаат благи симптоми. На зима е опасен, ги убива и напаѓа белите дробови. Не можеме да се поистоветиме со овој кој е сега. На крајот на октомври ќе ни се врати потежок облик и не треба да го игнорираме. Не можеме да го чекаме тешкиот облик и дури тогаш да се однесуваме одговорно“, предупредил Лауц. Рекол дека постојат и нови сознанија, а едно е дека луѓето кои ќе го преживеат ковид-19 ќе стекнат имунитет.

Тежината на болеста е полесна на лето отколку на зима и затоа е подобро да се добие вирусот сега, отколку подоцна.

„Овој вирус брзо се шири и ќе бидат заразени голем број луѓе“, рекол Лауц гостувајќи на ХРТ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа