Хрватски научник: Нема простор за паника, шансите да умрете од коронавирусот скоро и да не постојат

Шансите да умрете од коронавирусот скоро и да не постојат, вели хрватскиот научник Игор Штагљар.

Станува збор за научник специјализиран на подрачјето на молекуларна биологија. Тој објави статистика која сугерира колкави се шансите едно лице да заболи од коронавирусот, и колкави се шансите да умре од него.

-Светската здравствена организација објави дека постоја 79.300 заразени со коронавирус. Од тие мнозинство, или 77.000 се во Кина, од кои повеќето во Вухан. Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од 77.000 заразени сите се во Вухан. Значи 0,7 отсто од жителите на Вухан се заразени, а 99,3 отсто од жителите на тој град немаат вирус. Зборам за градот од каде почна епидемијата, вели Штагљар.

Според него, кинеските град Вухан е важен зашто е жариште на коронавирусот, и како што вели, е најопасното место на Земјата за зараза од оваа болест.

Сепак, појаснува дека токму тие 0,7 отсто е клучната ставка зашто на неа одат процентите на смртност.

-Ако имате 85 години, имате 0,7 отсто шанси воопшто да го фатите вирусот, па ако го фатите имате уште 14,8 проценти шанси да умрете од него, односно вкупно 0,103 проценти шанси да умрете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус е дури 99,897 проценти! За еден 45-годишник тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 проценти дека вирусот ќе ве убие, а 99,9972 дека нема. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умрете од вирусот е 0,0014 отсто, а дека нема да умрете е 99,9986 проценти. Тоа е 0,7 отсто дека ќе го добиете и 0,2 проценти да умрете од него, ако сте по 40 години старост, изјави Штагљар.

Вели дека во Кина има 1,386 милијарди жители, појаснувајќи дека само 0,005 отсто од Кинезите го имаат овој вирус.

-Ете колку вирусот е заразен. Поентата на приказната е дека да, постои опасност, но потполно непотребно е да се создава ваква паника, заклучи професорот на Оделот за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега