Хрватски научник даде 10 совети за справување со коронавирусот на есен - што треба да се направи

Хрватскиот научник Иван Ѓикиќ чиј тим и досега работеше на истражување на коронавирусот, објави на својот Линкедин профил 10 совети за есента во време на пандемија.

Тој во советите укажа на тоа како државата, но и граѓаните треба подобро да се подготват за претстојниот период.

1. Донесете одлуки врз основа на точни научни податоци кои мораат да бидат критично евалуирани.

2. Тестирајте повеќе, побрзо и поточно,односно тестирајте дефинирани групи. Брзите тестирања се важни.

3. Носете епидемиолошки мерки врз основа на транспарентни информации односно бидете одговорни за нивната промена. 

4. Подгответе и подобро поврзан здравствен систем - од лекарски ординации, центри за тестирање до болници.

5. Зголемете ја грижата за болните (од тумор до други болести) во болничкиот систем, односно осигурајте нивна правовремена дијагностика и терапија.

6. Водете правилен програм за вакцинирање против грип меѓу здравствените работници, ризичните популации и другите граѓани.

7.Осигурајте сигурно школување на децата и студентите.

8. Унапредете ја јавната комуникација на Штабовите. Јасно, искрено и конзистентно комуницирање пред донесување на одлуки.

9. Потребна е јавна критичност кон одлуките на властите, односно прифаќање на одговорност поради можни пропусти и грешки.

10. Мотивирајте ги граѓаните да се придржуваат на мерките: одржување дистанца, носење маски, лична хигиена, пријава на први симптоми, тестирање, дополнителна грижа за ризичната популација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега