Хрватската Влада ја замрзна цената на горивата во времетраење од 30 дена

Владата на Хрватска денеска донесе уредба со која на 30 дена се ограничува цената на литар бензин на 11,10 куни, а на дизелот на 11 куни (едно евро еднакво е на 7,51 куни).

– Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да го стабилизира цените на бензинот и на дизел горивото во рок од 30 дена, изјави хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ.

Тој додаде дека Владата ќе ги анализира состојбите и трендовите на светскиот пазар и, доколку е потребно, ќе реагира дополнително.

Трговците со нафтени производи не смеат да наплатуваат такси или други трошоци што не се пропишани со владината уредба или со други специјални прописи.

На хрватските бензински пумпи литар бензин се продава од 11,26 до 11,40 куни, литар Еуросупер 100 за литар чини 11,99 куни, еуродизел е околу 11,40 куни, а гасот од 5,62 до 5,89 куни.

 

14.10.2021 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега