Хрватската политичкарка која беше најдена мртва во својот дом најверојатно извршила самоубиство

Членката на Градскиот совет на Ријека, Мирјана Јукиќ е пронајдена мртва во нејзиниот стан, објави хрватскиот весник „Нови Лист“, додавајќи дека причините за нејзината смрт се уште се утврдуваат.

Но, повеќето медиуми јавуваат дека, според неофицијални информации, Мирјана се самоубила.

Јукиќ, која е поранешна членка на партијата Жив Ѕид, беше доста ангажирана во врска со социјалните прашање. Во декември минатата година, таа го поддржа усвојувањето на Буџетот на Ријека за 2019 година, поради што беше изложена на критики од страна на нејзините сопартијци и ја напушти партијата Жив Ѕид, која е дел од опозицијата во Градскиот совет.

Извори од Жив Ѕид информираа дека за смртта на 49-годишната Јуриќ биле информирани од нејзина сосетка, која изјавила дека „преку прозорецот ја видела како лежи на подот во нејзиниот стан“.

„Нови лист“ наведува дека најверојатно станува збор за самоубиство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега