Хрватската новинарка дознала дека е бремена, а набрзо и дека има страшна дијагноза - сега упати емотивна порака

Хрватската новинарка Тена Шнајдер на својот Јутјуб канал споделила потресна, но многу инспиративна и храбра приказна за ракот во бременоста, со желба да ги охрабри и да им пружи пример на сите жени кои ќе се најдат во слична ситуација.

Тена прво ги дознала среќните вести, дека чека второ бебе, а набрзо добила и страшна вест - се испоставило дека боледува од Ходкинов лимфом.

Новинарката на РТЛ во мај отворила Јутјуб канал каде со јавноста споделила детали од својата борба, но опишала и како изгледале првите симптоми на болеста, како психички се чувствувала, како изгледале посетите на доктор...

Но, вчера го објавила и своето четврто видео, најубавото досега, во кое во нешто повеќе од две минути постојано покажува сила, храброст и љубов.

Таа во видеото порачала дека пред две недели ја родила ќерката Лота.

„Драги мои, еве ме пак. Овој пат не сум сама, со мене е мојата Лота. Морав строго да мирувам, но во 35. недела почна крварењето и завршивме во болница со царски рез“, започнала 36-годишната новинарка, додавајќи дека се поминало добро и дека таа и бебето поминале 9 дена во болница,

Тена ја нарекла Лота „чудо од бебе“, а мора да се каже дека и таа како е мајка е зачудувачки храбра.

„Имаше 3200 грама и беше минијатурна, немаше никакви компликации, никакви здравствени проблеми. Помина само два дена во инкубатор и после тоа уште три дена на интензивна нега“, објаснила Тена.

Убавата Хрватка открила и детали за својата здравствена состојба, но и им се заблагодарила на сите за убавите зборови и поддршката.

„И понатаму е втор стадиум, односно не се проширило благодарение на стероидите. Почнувам со хемотерапија следната недела, ќе имам три циклуси...Мислам дека имам доволно причини и хемотерапијата да ја поминам без никакви тешки последици. Знам кои се нуспојавите, се подготвив за тоа, имам многу помош околу себе и ние веруваме во најдоброто“, рекла водителката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега