Хрватска пред корона катастрофа: Алрмантно предупредување на инфектолог

Иако во Словенија во последниве недели поголем број случаи на коронавирус се поврзани со локалните пренесување, словенечките инфектолози предупредуваат на опасност од престој во странство, во краиштата каде бројот на заразени е поголем отколку во Словенија, меѓу кои е и Хрватска.

Хрватска бележи два пати повеќе заразени од Словенија со помал број тестирани, кажа во вторникот на конференцијата за новинари Бојана Беовиќ, главен инфектолог во стручниот тим на словенечката влада, додавајќи дека тоа значи дека во Хрватска состојбата не е сосема под контрола.

Со оглед на големиот број на словенечки туристи во хрватското крајбрежје, пивикала на внимание, затоа што во Словенија се појавил мал број на заразени лица кои патувале во Хрватска.

Додала дека најголема опасност за зараза се домовите за стари лица, каде репродукцискиот број е 1,5 со оглед на староста на популацијата која е сместена во еден простор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега