Хрватска политичарка пронајдена мртва во станот - сосетката од прозор видела дека лежи на под

Поранешна пратеничка на Живиот ѕид во Ријека, Мријана Јукиќ пронајдена е мртва во својот стан вчера. Околностите на смртта уште не се утврдени и не може со сигурност да се каже што точно се случило.

Според неофицијални информации не станува збор за самоубиство, но не и за кривично дело.

-За оваа трагедија ни јави нејзината сосетка која кажа дека ја видела низ прозор дека лежи на под во својот стан. После тоа е повикана полиција која влезе во станот и утврди дека нашата колешка починала - навели од Жив ѕид.

Мирјана Јукиќ е родена на 20. април 1970 годин, а во Градското собрание влегла пред две години и по една година откако Жив ѕид на локалните избори бил во коалиција со Акција на младите. Како градска пратеничка не се експонирала премногу, но упатените велат дека била многу ангажирана кога станува збор за социјалните прашања.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега