Хрватска: Денеска започнува вакцинацијата против омикрон

Во Хрватска денеска треба да почне вакцинацијата со нови, адаптирани вакцини против коронавирусот, кои покрај оригиналниот сој од Вухан, ја покриваат и варијантата омикрон.

Како што пренесуваат медиумите во Загреб, на граѓаните прво ќе им биде достапна адаптираната вакцина Фајзер, а потоа и вакцината Модерна.

Хрватскиот завод за јавно здравје им препорача дополнителна вакцинација со нови вакцини на сите возрасни лица кои примиле две дози.

Што се однесува до оние кои досега примиле три дози, вакцинацијата се препорачува за оние 60 и помлади во ризик, пренесе Денес.рс.

12.09.2022 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега