Хрватка завеана во Австриски хотел: Заробени сме веќе 6 дена, а на покривот има 2 метри снег

Веќе неколку дена снегот предизвикува хаос во Австрија, а во лавина загинаа најмалку седум лица, а многумина останаа завеани од снегот.

Една од нов е Хрватка Снежана Бочкај која работи во еден хотел во Австрија.

Персоналот и дури 20 од вработените се веќе 6 дена заглавени, а снеготт сеуште паѓа.

- Работам во еден помал хотел во Фугенберг во Тирол. Снег има повеќе од 2,5 метри и сеуште се трупа. За саат време паѓа и по 15 сантиметри снег и така веќе 10 дена“ рекча Снежана.

Патиштата се затворени и засега имаат доволно храна, но не се знае колку долго сетоова ќе трае.

Снежана кажала и дека гостите кои се заглавени во хотелот, со лопатите во раце помагат да се исчисти снегот, посебно од покривот на хотелот, зошто поради тешкиот снег може да се сруши.

Гостите се главно од Германија и Австрија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега