Хрватите собрале повеќе од 12 милиони евра за жртвите на земјотресот - премиерот вели дека државата покажала голема солидарност

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рекол денеска дека граѓаните досега за помош на погодените подрачја од земјотресите во државната благајна уплатиле скоро 59 милиони куни (околу 7,8 милион евра), а Хрватскиот Црвен крст повеќе од 35 милиони куни (околу 4,6 милион евра).

Навел дека тоа покажува голема солидарност и оценил дека Хрватска, реагирајќи на земјотресот кој го погоди централниот дел на земјата ја покажала својата сила и елиминирала сериозни обиди за разградување на државата.

Пленковиќ во Сисак после обиколката на Општата болница „Др. Иво Педишиќ“ рекол дека примарните амбуланти се активни во Сисак и во Петриња истакнувајќи дека во подрачјето здравството за краток рок направило максимално се што можело.

Пленковиќ изразил благодарност за сите граѓани на спонтаните иницијативи, пренесува Хина.

„Ова не е никаков натпревар, натпревар кој прв ќе помогне. Ова е ситуација во која мораме да имаме синергија на делување на сите оние кои за тоа се надлежни и оние кои сакаат од срце да направат добро дело“, рекол Пленковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.01.2021 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа