Хрват си ја присвоил плажата, па со лопата нападнал турист: На мегафон ги пцуел луѓето, а поставил и мрежа во морето (ВИДЕО)

Неколку метри од една плажа во Раб, Хрватска, сопственикот на апартман кој е во близина присвоил дел од плажата и морето. Освен што купил мегафон за да ги брка непожелните гости, тој и со лопата нападнал турист!

-Секој ден кога некој ќе се доближи до „неговата“ плажа, па дури и со брод, тој почнува да се дере, пцуе и да ги брка луѓето. Денес зема и лопата и со неа се обиде да нападне турист. Го навредуваше, па се фати и за полниот орган – рекла жена од локалните жители.

-Ми се чини дека сопственикот на апартманот минатата година имал гости нудисти, па ги бркал луѓето велејќи им дека дошле да ги гледаат, меѓутоа плажата не е означена како нудистичка. Не знам за плажата, но морето никако не може да го присвои, а тој дури и мрежа поставил во морето-рекла таа.

Додала дека туристот бил странец и не знаел за што се работи, само си пливал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега