Хрват изрешета Цргногорци во Германија - полицијата трага по боксерот осомничен за брутална ликвидација

Полицијата трага по повеќе лица и два автомобили кои се користени во ликвидацијата на Дарко Мијовиќ и Никола Јовановиќ во Берлин.

Се наведува дека меѓу осомничените има државјанин на Хрватска кој едно време се занимавал со кик-бокс и други боречки спортови. Германската полиција се сомнева дека тој хрватски државјанин е една од личностите кои ги исрешетале црногорските државјани во Берлин.

Дарко Мијовиќ и Никола Јовановиќ беа убиени во Германија, а во престрелката ранети беа Милош Павиќевиќ од Подгорица и Милош Весковиќ од Србија, кој по потекло е од Црна Гора.

Според податоците на црногорската полиција, двајцата убиени биле блиски до криминален клан од Которо.

Како што покажуваат првите резултати од истрагата, неколку засега неидентификувани лица упаднале во станот во кој биле Мијовиќ, Јовановиќ, Павиќевиќ и Весковиќ и испукале 10 куршуми во нив четворица, после што избегале. Набрзо на лице место стигнала полиција, која барала траги и повредените ги превела на укажување лекарска помош. 

Портпаролот на германската полиција вели дека на случајот работат голем број полицајци, но повеќе детали не изнел. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега