Хрват до смрт си го убил двегодишниот син - „Да го најдев пред полицијата јас ќе го убиев“

25-годишниот Ализ Хрустиќ до смрт го претепал својот 2-годишен син. Признал дека момчето го тепал додека не починало, во станот во Милано и дека тоа го направил во момент на бес и под дејство на дрога.

Кога полицијата го пронашла телото на момчето тоа било цело во модрици, детето на главата имало видливи рани, а нозете му биле во завои.

Родителите повикале Итна помош во околу 5 часот утрината, бидејќи детето не можело да дише, но лекарите можеле само да констатираат смрт и да повикаат полиција. Хрустиќ избегал со двете ќерки, но полицијата набрзо го уапсила.

Мајката на момчето, 23-годишната Силвија Захировиќ има 5 деца и бремена е со 6-то.

Таа веднаш по доаѓањето на полицијата го обвинила сопругот за убиство на детето.

-Не знам дали детето плачело, тој само кажа дека не може да спие и зема хашиш - рекла Силвија.

Станал поради болки и во напад на бес до смрт го претепал момчето, рекол шефот на полицијата Лоренцо Букоси.

-Да го најдев пред полицијата без сомнение би го убил - вели неговиот роднина Бардо Шечиќ и додава: Тој заслужува доживотен затвор, тој е насилник, моето семејство не разговара со него, бидејќи ме нападна без причина, ме удри во глава со тока од ремен. Се уште имам лузна - рели Шечиќ.

И соседите го опишуваат како насилник кој бил често под дејство на дрога и дека со денови конзумирал алкохол по ноќните барови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега