„Крушево е важно, Крушево е на сите и го чувствуваме како симбол на државата“, истакна кандидадот за градоначалник на Крушево од СДСМ Томе Христоски во разговор за „Тема на денот“ на Сител телевизија ги повика сите сограѓани во недела на втори номеври да излезат на гласање и покрај сите притисоци од централната власт.

„Ова е референдумско изјаснување на сите наши сограѓани каде сакаат да го гледаат Крушево во наредниот период, во минатото, во апатија, запоседнато, запоставено или во иднината, прогресот и развојот“, истакна Христоски, кој со оглед на големото водство од првиот круг, очекува убедлива победа во револуционерно, но и слободарско Крушево.

Христоски нагласи дека во изминатите осум години локалната власт, која ја предводи искрено се посвети не само на Крушево, туку и на сите населени места во општината, со разумно и домаќинско трошење на парите на граѓаните.

„Се посветивме искрено на горливи прашања и потреби на сите наши сограѓани, изградивме, саниравме, реконструиравме околу 50 километри локални и регионални патишта во и околу Крушево и покрај тоа што го поврзавме градот со сите населени места во општината и регионалните патишта со соседните општини сега овој период сакаме да решаваме суштински проблеми внатре во Крушево и во секое населено место, рече Христоски, најавувајќи најмалку по еден капитален проект во секое населено место во општина Крушево.

Христоски нагласи дека над 90 % од проектите од неговата програма се реализирани, а има започнати проекти, кои треба да се завршат.

Exit mobile version