Вицепремиерот Тимчо Муцунски, се придружи на празничните честитки по повод Божиќ, ставајќи го акцентот на семејството и меѓусебната почит. Во својата порака, тој повика празничните денови да се поминат во духот на разбирањето и заедништвото.

„Честит Божиќ, Христос се роди!

Божиќ е празник што нè потсетува на најважните вредности – мирот, човечноста, солидарноста и грижата еден за друг. Во време на предизвици, токму овие вредности нè обединуваат и ни даваат сила да продолжиме напред.

Нека празничните денови бидат исполнети со топлина во домот, здравје и радост во семејството и надеж за подобро утре. Да ги поминеме заедно, со најблиските, во духот на меѓусебна почит, разбирање и заедништво“, стои во честитката.

Exit mobile version