Храбар маж собори бик тежок 200 килограми кој направи хаос низ Шпанија

„Дуелите“ меѓу човекот и бикот се вообичаена глетка во шпанските кориди, но борба меѓу бестрашен маж и избеган бик на сред улица е невообичаена појава дури и за Шпанија.

Инцидент се случил во Шпанија кога бик тежок 200 килограми успеал да избега од еден камион, по што 60-тина минути ги „тероризирал“ возачите. Но, „теророт“ на бикот заврши кога на улицата се појави еден бестрашен маж, кој се фати во коштец со разбеснетото животно и го собори на земја.

Избеганиот бик во својот уличен поход оштетил четири автомобили и повредил еден полицаец кој помагал во фаќањето на животното.

најчитано сега