Хоти: Целосно сме посветени да работиме заедно за да ги подобриме животите на луѓето

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави дека договорот кој беше потпишан со Србија во Белата куќа, би требало да доведе до меѓусебно признавање.

„И Србија и Косово се обврзаа на економска нормализација. Со фокусирање на создавање нови работни места и економски раст, двете земји успеаја да постигнат голем напредок“, рекол Хоти, пренесува „Ројтерс“.

-Целосно сме посветени да работиме заедно за да ги подобриме животите на луѓето, да создадеме нови работни места во регионот … Ги делиме истите вредности на слободата, демократијата и отворена пазарна економија- вели Хоти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега