Хотел „Сунце“ во Соко Бања со гордост ја освои престижната награда „Туристички цвет“, која се смета за највисоко признание во областа на туризмот, со што официјално е прогласен за најдобар бањски хотел. Оваа награда претставува силна потврда за исклучителниот квалитет, современиот концепт и врвното туристичко доживување што го нуди хотелот.

Отворен во 2020 година, Хотел „Сунце“ за краток временски период се позиционираше како еден од најбараните бањски хотели во регионот, комбинирајќи модерен комфор, богата содржина и услуга прилагодена за целото семејство. Хотелот се наоѓа на 255 километри од Скопје, односно на околу три часа возење, што го прави лесно достапна и атрактивна дестинација за македонските гости.
Посебен акцент во понудата на Хотел „Сунце“ е целодневната анимација за деца, реализирана од професионални аниматори, со креативни, едукативни и забавни работилници, кои обезбедуваат динамична и безбедна средина за најмладите. Овој концепт овозможува вистинско уживање за целото семејство, каде што децата се активно вклучени, а родителите добиваат време за одмор и релаксација.
Хотелот располага со ексклузивен спа-центар од 1.300 квадратни метри, кој претставува вистинска оаза на мир и луксуз.
Во неговиот состав се вклучени два базена – хидромасажен и пливачки, џакузи, три видови сауни, парна бања, солена соба, калдариум, тропски тушеви, ледена соба, како и дополнителни содржини за целосна релаксација и регенерација.
Во рамките на организираната туристичка понуда, македонските гости имаат можност овој награден хотел да го доживеат преку специјално креирани и внимателно селектирани аранжмани, достапни исклучиво преку туристичката агенција Пилот Травел, официјален партнер за македонскиот пазар.
Со освојувањето на наградата „Туристички цвет“, Хотел „Сунце“ уште еднаш ја потврдува својата позиција како водечки бањски хотел и препознатлив симбол на квалитетен, модерен и семеен туризам во Соко Бања и регионот.