Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(56) затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version