Хорор во скопско приватно основно училиште: Наставничка физички нападнала ученичка

 

Наставничка во приватно основно училиште во Скопје нападнала ученичка.

Според информациите од МВР, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека на 22.03.2023 околу 10.30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

24.03.2023 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега