Силна експлозија синоќа ја вознемири загрепската населба Трешњевка. Инцидентот се случил на игралиштето на Основното училиште „Јулије Кловиќ“ на Нова цеста, откако била активирана силна пиротехничка направа поврзана со канистер бензин.

Загрепската противпожарна служба добила повик во 22:56 часот.

Според сведоци, се слушнале два силни удари. Една од жителките изјавила дека од силниот притисок се треселе прозорците на околните згради, а на местото се појавила огнена „печурка“ висока неколку метри.

Пожарот предизвикан од експлозијата бил изгаснат од една екипа на пожарникари веднаш по нивното пристигнување.

Иако сличен инцидент на истото игралиште беше забележан и минатата година, овојпат силината на детонацијата предизвика поголема паника кај граѓаните. Хрватската полиција работи на расветлување на случајот и откривање на лицата кои ја подметнале импровизираната направа.

Exit mobile version