Хорор во Македонија: Уапсен 20-годишник - прво истепал, па избодел маж и жена

На 22.11.2022 околу 18.30 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста „Бошков мост“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот Е.А. од с.Могорче.

Тој бил пријавен дека половина час пред тоа физички се пресметувал со 42-годишниот А.З. и неговата 41-годишна сопруга Ф.З. во дворот пред нивната семејна куќа, а на што му претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

Според пријавеното, Е.А. во пресметката користел и остар предмет со кој ги повредил сопружниците А.З. и Ф.З.. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

23.11.2022 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега