Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:00 часот, ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од село Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, соопштија од МВР. 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од МВР. 

Exit mobile version