Хорор во Индија: Отишол да ископа гроб за неговото дете, а под земја пронашол живо бебе (ВИДЕО)

На северот на Индија е пронајдено живо бебе закопано во земја, а девојченцето го пронашол маж кој копал гроб за своето дете.

Шефот на локалната плиција рекол дека бебето било ставено во зејен ќуп и било закопано, па откако е откриено веднаш е префрлено во болница.

„Додека копал гроб на длабочина од околу 3 метри, лопатата удрила во нешто, откако е извлечен ќупот, дете лежело во внатре. Полицијата веднаш го однела бебето во болница“ рекол шефот на полицијата.

Тој додал дка полицијата покренала потрага по родителите.

Според наведеното жените во Индија се често дискриминирани, а женските деца се сметаат како терет, посебно во посиромашните заедници, па нее реткост мајките да се одрекуваат од своите деца и тоа често на нелегален начин.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега