Хорор во Хрватска: Седум момчиња цела година групно силувале и се изживувале врз тинејџерка

Задарската полиција поднесе кривична пријава против седум момчиња од околината на Задар, Хрватска, поради сомнение дека од август минатата година до јули годинава во повеќе наврати групно силувале 15-годишно девојче од истото место.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, нивниот чин тие го снимале со мобилен телефон и ги користеле снимките цела година за да ја уценуваат и од неа да изнудуваат нови сексуални односи, под закана дека снимките ќе ги испратат кај нејзините родители и пријателите. За дополнително да ја уверат во своите намери, нејзиното поранешно момче, воедно и еден од силувачите, во неколку наврати ја претепал.

Момчињата на возраст од 19, 18 и 17 години биле приведени за тешки казнени дела против сексуалната слобода, сексуален однос без согласност, блудни работи, закани, телесни повреди, искористување на деца за порнографија, но судијата ги пуштил да се бранат од слобода иако живеат во исто место како и жртвата.

Според сведоштва од мештаните за „Јутарњи лист“, се работи за „татини синови“, чии родители веќе ангажирале војска адвокати, па така и покрај бројните докази, меѓу кои и два филма и неколку фотографии од самиот чин на силување, пронајдени во нивните мобилни телефони, судијата сепак одбил мерка истражен затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега