Хорор во Германија: Три лица пронајдени мртви во хотелска соба- прободени со стрели лежеле во локви крв

Истрагата за пронајдените три тела во хотелска соба во Германија доби нов драматичен тек.Полицијата пронајде две женски тела.

Имено истражувачите во станот на една од жртвоите , најдени се две женски тела, но не е соопштено како се убиени.

Полицијата се обидува да го реши овој случај.

Да потсетиме во саботата во соба број 20, во мал пансион се најдени тела на две жени и еден маж јкои биле прободени од стрела.

Според странските медиуми маж и жена лежеле во кревет натопен со крв, држејќи се за раце.

Полицијата потврди дека биле прободени со трела, посебно морничаво изгледало машкото теко кое со две стрели било прободено во главата.додека третата жртва лежела на подот недалеку од креветот.

Полицијата во собата пронашла три самострела, а врската помеѓу мажт и ѓената треба да се утврди, а случајот е додатно коплициран бидејќи во стабот на жената која е убиена се пронајдени две тела.

Засега се знае дека тие пред три дена резервирале соба за викендот без појадок, а со автомобил пристигнале во петокот во 22 часот.

Перосналот во хотелот ги опишале како малку чудни.

Човекот кој бил ловец и стрелец, имал долга бела брада, а жените биле облечени во црно.Иако до нивната соба имало гости, велат дека не слушнале никаква врева, а нарредното утро собарката ја забележала морничавата глетка и веднаш повикала полиција.

Обдукција треба да покаже кој гаѓал од самострелата, а се претпоставува дека еден од нив ги убил цимерите, па се самоубил.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега