Хорор во Франција: Се сруши висечки мост, загинало девојче кое се возело во автомобил со родителите

Девојче кое имало само 15 години загина откако се сруши висечки мост на река во југозападна Франција, автомобил и камион паднале вовода, пренесуваат тамошните власти.

 Мостот ги поврза градовите Мирпоа-сур-Тар и Бесиер, во југозападна Франција, пренесува Дејли Меил.

Според наведеното, девојчето било во автомобил заедно со своите родители.

Откако се срушил мостот извлечено е телото на девојчето, а нејзината мајка е спасена.

Повеќе од 60 спасувачи учествувале во спасувачката мисија, каде четири лица се спасени, но се верува дека има неколку исчезнати лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега